Се предвидува субвенционирање на фотонапонски системи за домаќинства и колективни објекти со цел намалување на побарувачката на електрична енергија од мрежата.
Мапирање на потенцијални локации за соларни централи (на деградирано земјиште, индустриски покриви).
Мерка која предвидува чистење на оџаци со цел подобро согорување и избегнување на можност за пожари како и намалување на емисиите на цврсти честици.
Проширување на мрежата на корисници на далечинското централно греење со цел намалување на загадувањето од согорување на огревно дрво кај домаќинствата.
Намалување на потрошувачката на топлинска енергија во становите и куќите и исфрлање на печките на фосилно гориво.
Намалување на потрошувачката на топлинска енергија во становите и домаќинствата до 25% на годишно ниво.