ВАРДАРСКИ ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ

објавено во АКЦИСКА МЕРКА | 0

Зазеленување на површини во сопственост на општините со цел зголемување на катастарот на дрвја во регионот, зголемување на количеството на кислород, зголемување на засенчувањето во летниот период, намалување на ерозивните дејства врз почвата.

ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА

објавено во АКЦИСКА МЕРКА | 0

Целта на пречистителна станица е да врши пречистување на отпадните води од подрачјето на Вардарскиот регион и истата треба да е со краен капацитет од 350.000 е.ж.(еквивалент жители)

ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

објавено во АКЦИСКА МЕРКА | 0

Планирано е поврзување на мрежата на велосипедски патеки низ градот со изградба на велосипедски патеки и нивно поврзување со постоечките патеки.

МАЛИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ

објавено во АКЦИСКА МЕРКА | 0

Оваа мерка претставува еколошки и урбано-инклузивен чекор кон модерен јавен превоз. Овие возила се идеални за тесни улици, туристички и пешачки зони каде традиционалниот превоз е ограничен, овозможувајќи тивка, достапна и нискоемисиска мобилност.