СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Целосен прогрес

Година: 2026

Столб

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА – производство на енергија и енергетска ефикасност

Период на имплементација

декември 2030

Одговорна институција за спроведување

Општини, Влада на РМ


Намалување на потрошувачката на топлинска енергија во становите и домаќинствата до 25% на годишно ниво.


Цел

Намалување на потрошувачката на топлинска енергија во домаќинствата до 25%


Прогрес на имплементација

Превземени чекори

    Зелен кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

    На 11.02.2026 година во Мултифункционалниот центар во Босилово се одржа презентација на проект во врска со апликација за 30 % грант за зелен кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. ( Дополнителни информации...)

    Информативен настан „Поддршка за домаќинства-грантови за зелена енергија“

    Во Василево, во  салата за состаноци на ООУ „Гоце Делчев“, Фондот за зелено финансирање и УНДП во соработка со општина Василево и претставници на Штедилница Можности, ТТК Банка и  Силк Роуд Банка одржаа  настан за граѓаните на кој ги информираа граѓаните за можностите,  условите и постапката за добивање на   грантови за набавка инвертер клими, топлински пумпи, изработка на енергетски ефикасни фасади, односно грантови за зелени енергија.. ( Дополнителни информации...)