ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ЈАВНИ ЗГРАДИ

Целосен прогрес

Година: 2026

Столб

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА – производство на енергија и енергетска ефикасност

Период на имплементација

декември 2030

Одговорна институција за спроведување

Општини, Фонд за ЕЕ


Програма за реновирање на јавни згради (училишта, градинки, администрација).


Цел

Намалување на потрошувачка на топлинска енергија до 25% кај јавните објекти


Прогрес на имплементација

Превземени чекори

    РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА И ФОТОВОЛТАИЦИ НА ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

    Во рамки на проект вреден 4.481.290 денари (обезбедени од МОН), се спроведува реконструкција на спортската сала на ОУ „Елпида Караманди“ со промена на дограмата, нова инсталација и поставување фотоволтаичен систем. (Дополнителни информации...)

    ТОПЛИНСКИ ПУМПИ ВО ГРАДИНКАТА И УЧИЛИШТЕТО ВО „БУКОВСКИ ЛИВАДИ“

    Во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“, во зградата во населбата „Буковски Ливади“ (каде се сместени училиште и градинка), инсталирани се топлински пумпи за греење и ладење, а Општината има обврска да постави нова енергетски ефикасна фасада. (Дополнителни информации...).