Почитувани организации,
Пред вас е алатка за самооценување развиена во рамките на проектот „Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера – SustainABLE“ чија цел е да им помогне на различни организации да го променат начинот на извршување на нивната работа преку имплементација на одржливи практики. Проектот „SustainABLE“ е имплементиран од страна на: Центарот за климатски промени - Гевгелија, BICC - Сандански, Бугарија и Геосфера - Битола, а финансиран од програмата Еразмус+ од Европската Унија.
Целта на оваа алатка е да и помогне на секоја организација да ја процени имплементацијата на одржливите практики и нивото на усогласеност со Патоказот за одржливост. Затоа, силно ве охрабруваме да ја пополните алатката за самооценување, да бидете колку што е можно поискрени и ако вашето ниво на усогласеност е „неусогласено“ да ги проверите нашите упатства или да се поврзете со нашиот тим за да ја подобрите вашата усогласеност и нивото на имплементација на одржливите работни практики.
Пополнувањето на оваа алатка за самооценување е наменето да биде кратко и нема да ви одземе повеќе од 5 минути. За да го видите нивото на усогласеност, ве молиме притиснете на копчето Старт.