erasmus_logo erasmus_logo CKP bicc Geosfera Picture1

Анкета (алатка) за самооценување на одржливи практики во Вашата организација

Управување со отпад

Управувањето со отпад е клучна компонента на нашите одговорни деловни практики. Фокусот е на минимизирање на отпадот, промовирање на селектирање и рециклирање, како и ефикасно користење на ресурсите. Ефективното управување со отпадот го поддржува зачувувањето на животната средина, ги намалува трошоците и ја нагласува нашата посветеност на етичките деловни стандарди.














Заштеда на енергија и енергетска ефикасност

Енергетската ефикасност е витален аспект на нашата посветеност на одржливост. Се фокусира на мудро користење на енергијата и поголема искористеност на чисти извори на енергија како што се соларната и енергијата од ветeрот. Ова помага во намалувањето на нашето влијание врз животната средина и овозможуваат нашите операции да бидат поисплатливи.

















Одржлив транспорт

Одржливите практики поврзани со транспортот подразбираат опции за патување, како што се јавен превоз, возење велосипед и примена на електрични возила кои не емитуваат голема количина емисии на гасови. Спроведувањето на овие практики се показател на посветеноста на организацијата за намалување на влијанието врз животната средина и поддршка за одржливите решенија за транспорт.











Користење на ресурси (канцелариски материјали, хартија, тонер)

Ефикасноста за користењето на ресурсите се фокусира на оптимизирање на употребата на основните ресурси, како што се водата, други материјали и канцелариски прибор, за да се минимизира отпадот и влијанието врз животната средина. Овие практики, кога се усвојуваат на работното место, се и еколошки и економични, што резултира со заштеда и намалена употреба на ресурси.














Работа од далечина

Работата од далечина е составен дел од нашиот одржлив пристап. Дозволувањето на вработените да работат од дома или од други оддалечени локации ја намалува потребата за патување, помала потрошувачка на енергија во канцелариите и придонесува за намалување на емисиите на стакленички гасови поврзани со транспортот.








Управување и организација на настани

Управувањето и организацијата на настани обезбедува одржливи алтернативи на традиционалните состаноци. Со намалување на потребата за патување, овие практики го минимизираат јаглеродниот отпечаток на организацијата и демонстрираат флексибилност и ефикасност во поврзувањето со засегнатите страни.














Одржлива храна

Одржливите практики на храна на работното место и организирањето на настани вклучуваат понуда на органски/домашни, еколошки одговорни и нутрицонистистички опции за храна. Тоа го нагласува намалувањето на влијанието врз животната средина, минимизирање на отпадот од храна и промовирање на нутриционистичкото здравје.