Нашата организација е дел од многубројни тренинзи и работилници за градење на капацитетите за различни институции, граѓански организации, општини и млади професионалци. Досега сме учествувале во бројни проекти кои обезбедувале зајакнување на капацитетите на полето на управување со отпад, енергетска ефикасност во индустрија, спроведување на законодавство за животна средина и искористување на обновливи извори на енергија.