Наши Проекти


11

Заеднички за подобра животна средина во Општина Карпош

Проектот е имплементиран од Центар за климатски промени во соработка со Општина Карпош и е субгрантиран во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Координативен Одбор за Волонтерски Услуги (ЦОСВ), Италија, подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ Антико Скопје.. Повеќе

10

Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)

Центарот за климатски промени - Гевгелија во соработка со својот партнер од Република Бугарија, Алијанса на производители на еколошка енергија – BG, од Благоевград започна започна да го спроведува проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU). Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1. Повеќе

9

"Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационално бизнис консултантство"

ЦКП, Гевгелија, подружница Охрид, во јули 2016 година, започна да го спроведува проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационално бизнис консултантство“ кој ќе се финализира во септември 2017. Проектот е поддржан и ко-финансиран од Европската Унија и Национални фондови на земјите учеснички во ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција - Република Македонија 2007-2013“ и е со вкупен буџет од 705.589,36 EUR Повеќе

8

"Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина"

Еден од основните проблеми е недоволно познавање на самиот процес на учество на јавноста во донесувањето на одлуки од областа на животната средина, односно не познавање на законската регулатива и одговорностите кои ги имаат ЕЛС и секој граѓанин вклучувајќи ги и граѓанските организации. Интеракцијата помеѓу ЕЛС и граѓанското општество е сведена на минимум и со тоа можностите да се поправат определени грешки, како и да се дојде до нови иновативни решенија се сведени на минимум. Повеќе

7

"Е-отпад создава можности"

Центарот за климатски промени започна да го спроведува својот нов проект за подигнување на јавната свест за правилното постапување со електричниот отпад насловен како Е-отпад создава можности. Проектот е финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и ќе се спроведува во времетраење од една година, односно до јули 2015 година. Повеќе

6

"Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион"

Во Декември 2014 година, Центарот за климатски промени започна со имплементација на својот нов проект „ Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион. Цел на проектот е да се промовираат практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во мали и средни претпријатија во прекуграничниот регион, со цел намалување на негативното влијаније од нивните економски активности. Повеќе

5

Интегрирано спречување и контрола на загадувањето – ИСКЗ во Македонија

Во јануари 2014 година Центарот за климатски промени и норвешката компанија Норск Енерги започнаа со својот нов проект „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето“. Проектот е продолжување на претходниот проект „Зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и управувањето со опасен отпад“. Повеќе

4

„Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ финансиран од Норвешката Амбасада во Белград

Во Декември 2013 година, Центарот за климатски промени започна со имплементација на својот нов проект „Подобрување на енергетскиот менаџмент во Македонската Индустрија“. Проектот ќе биде имплементиран од Центар за климатски промени-Скопје, подржан од Агенција за енергетика на РМ, Машински факултет од Скопје, Стопанска Комора на Македонија под техничка супервизија на норвешката компанија Норск Енерги. Повеќе

3

"Зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање на интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) и управување со опасен отпад"

Во септември 2010 година, Центарот за климатски промени и Норск Енерги започнаа да работат на тригодишна програма „Зајакнување на капацитетите на МЖСПП за ИСКЗ и управување со опасен отпад. Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање за издавање на А интегрираните еколошки дозволи и да ги подобри капацитетите за управување со опасен отпад. Повеќе

2

"Почиста и поефективна индустрија во Македонија" – CCEI



In the period between June 2009 – June 2012, Center for Climate Change as local partner of Norsk Energi was working on a programme “Cleaner and More Cost Effective Industry in Macedonia” –CCEI a three year programme funded by Norwegian Ministry of Foreign Affairs. The project addressed barriers to project implementation by building local competence, increasing awareness, developing a pipeline of climate projects ready for financing, as well as improving the dialogue between... Повеќе

1

"Градење на локалните капацитети за развој на проекти за климатски промени – CDM"


Почнувајќи од октомври 2008 до септември 2009, ЦКП заедно со норвешката компанија Норск Енерги ја реализираа програмата „Градење на локалните капацитети за развој на проекти за климатските промени“. Во рамките на оваа програма неколку работилници беа организирани со главна цел развој на проекти, тренинг на DNA експерти, изработка на PIN и PDD документи од каде произлегоа и беа идентификувани 4 потенцијални CDM проекти. Дополнителен резултат од програмата е зголемената јавна свест за бизнис можностите во рамките на CDM проектите, иницирање на идентификација на проекти... Повеќе

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не