Завршна конференција на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, 22 декември 2017 година, во 10часот, хотел Континентал, Скопје










Ни претставува особенa чест и задоволство да Ве поканиме на завршната конференција на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, поддржан преку акциски грант на Цивика Мобилитас.

Завршната конференција ќе се оддржи во хотел Континентал, Скопје на 22 декември 2017 со почеток во 10:00 часот.

На завршната конференција ќе бидат презентирани резултатите и промените кои се постигнати, три годишните акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина за Општините Македонска Каменица, Македонски Брод, Аеродром, Карпош, Ресен и Струмица и добрите практики за вклучување на јавноста.

Воедно, ќе биде претставена и неформалната мрежа за животна средина која е формирана во рамките на проектот и можностите за приклучување на останатите конституенти во оваа мрежа.

Целта на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина на локално ниво и да се зајакне свеста на граѓанските организации за прашања поврзани со животната средина со цел поголема вклученост во креирањето на општествени промени во однос на доброто владеење и носењето одлуки на локално ниво. Во прилог на оваа покана Ви доставуваме дневен ред за конференцијата и формулар за регистрација. Со цел подобра организација Ве молиме пријавете го Вашето присуство најдоцна до 21 декември 2017 до 16 часот на следната е-маил адреса centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Исто така напоменуваме дека превозот за сите учесници надвор од Скопје е покриен преку проектот во висина на повратен автобуски билет. Се надеваме дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе бидете дел од овој настан!

Агенда [Сними]
Формулар за регистрација [Сними]

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не