Во декември се одржа втората обука наменета за единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)










Во периодот од 20-21 декември во Велес, беше спрoведена втората дводневна обука наменета за ЕЛС. Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите и свеста на ЕЛС за потребата од активно вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на донесувањето на одлуки од областа на животната средина. На обуката учествуваа 20 претставници од ЕЛС кои се вработени во секторите за животна средина во нивните општини.

Покрај законската регулатива на учесниците на обуката, им беа презентирани најразлични модели за учество на јавноста во донесување на одлуки од областа на животната средина, примери за вклучување на јавноста - зошто е важна јавноста, принципи на добро управување со животната средина на локално ниво и можни извори на финансирање на кампањи за подигнување на јавна свест.

Во текот на дводневната обука ЕЛС имаа две работни групи, при што дадоа нивни предлози за поголема комуникација и вклученост со граѓанскиот сектор и изработија конкретни кампањи за намалување на загадувањето на воздухот, водата и биодиверзитетот.

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не