Јавен оглас за обучувач (комуникациски консултант) за зајакнување на капацитетите на Единиците на локална самоуправа (ЕЛС) со цел активно вклучување на граѓанските организации (ГО) во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина










Центар за климатски промени - Гевгелија за потребите на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“ поддржан преку акциски грант на Цивика Мобилитас има потреба од обучувач со цел зајакнување на капацитетите на ЕЛС и поголемо вклучување на ГО во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.

Потребни квалификации на обучувачот:

  1. 1. Завршено високо образование од областа на општествените или техничките науки
  2. 2. Најмалку 3 години искуство во областа на животната средина
  3. 3. Претходно искуство во обуки за вклучување на јавноста од аспект на ЕЛС и ГО
  4. 4. Добри комуникациски вештини

Задачи кои се очекува да ги исполни:

Одржување на дводневна обука за ЕЛС во Република Македонија со цел зајакнување на капацитетите и свеста на ЕЛС за потребата од активна вклученост на граѓанскиот сектор во носењето на одлуките од областа на животната средина. Темите кои треба да ги опфаќа обуката се однесуваат на:

  • законска рамка за вклучување на јавноста согласно законодавство за животна средина и пристап до информации од областа на животната средина,
  • улогата на ГО во процесот на донесување одлуки,
  • добри примери од други држави пред се земји членки на ЕУ.

Обуката ќе се организира исклучиво за ЕЛС, при што освен презентации ќе бидат вклучени и работилници на кои се очекува активно учество на ЕЛС. Се очекува на обуката да присуствуваат околу 20 претставници на ЕЛС.

Времетраење на ангажманот:2 дена, во периодот од 20 - 21 Декември, 2016 година.

Начин на пријавување: Сите заитересирани кандидати потребно е да испратат свое CV со бараното искуство најдоцна до: 11.12.2016 година на е-маил: centarzaklimatskipomeni@yahoo.com

Финансиски надомест: 12.000,00 денари (Бруто износ)



Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не