ОТВОРЕН ПОВИК








ОТВОРЕН ПОВИК за Консултантски услуги за спроведување истражување и изготвување на Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животната средина на локално ниво

Основа: Центар за Климатски Промени – Гевгелија, за потребите на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“, финансиран преку акциски грант на Цивика мобилитас ЦМ-АКТ-02, има потреба од консултант/консултантска компанија за изработка на Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животната средина на локално ниво. Студијата треба да ги истражи ставовите на граѓанските организации во однос на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на локално ниво во однос на прашања од областа на животната средина, соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа како и вклученоста на граѓанскиот сектор во процесот на донесување одлуки за животната средина на локално ниво.

Повеќе информации за обемот на работата како и потребната стручност е дадена во Проектната задача подолу.

Изразување интерес:

Сите заинтересирани консултанти / компании треба да поднесат технички и финансиски предлог, не подоцна од 23.08.2016, на следната е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com.

Проектна задача за Изготвување на Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животната средина на локално ниво

Основа: Проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“, финансиран преку акциски грант на Цивика мобилитас ЦМ-АКТ-02, има потреба од консултант/консултантска компанија за изработка на Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животната средина на локално ниво. Студијата треба да ги истражи ставовите на граѓанските организации во однос на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на локално ниво во однос на прашања од областа на животната средина, соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа како и вклученоста на граѓанскиот сектор во процесот на донесување одлуки за животната средина на локално ниво.

Истражувањето треба да се спроведе преку анкета на граѓанските организации кои работат на полето на животната средина, рурален развој, земјоделие и други сектори кои индиректно се поврзани со животната средина. Со анкетата треба да се опфатат ¼ од сите граѓански организации кои делуваат во горенаведените сектори.

Воедно, Студијата треба да опфати и анализа на законодавството за животна средина во делот кој ги регулира обврските на единиците на локалната самоуправа за вклучување на јавноста во процесот на донесување на одлуки како и обврските на граѓанскиот сектор во оваа област.

Спроведувањето на оваа активност ќе резултира со идентификација на проблемите и приоритетите поврзани со вклучувањето на граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки за животна средина на локално ниво. Воедно, оваа активност ќе помогне во идентификацијата на активностите кои е потребно да се реализираат со цел надминување на проблемите.

Цел на задачата:

Главна цел на задачата е изготвување на Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животната средина на локално ниво. Студијата треба да се базира на истражувањето кое ќе биде спроведено на целата територија на Република Македонија. Со примена на анкетни прашалници потребно е да се соберат информациите за тековната состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување одлуки за животна средина на локално ниво. Целни групи за спроведената анкета треба да бидат единиците на локална самоуправа и граѓанските организации кои делуваат на полето на животната средина. Развиените прашалници треба да се фокусираат на следното:

  • Средби на локалната самоуправа со ГО и јавноста;
  • Консултации на локалната самоуправа со ГО и јавноста;
  • Комуникација и координација на локалната самоуправа со ГО и јавноста;
  • Вклученоста на ГО и јавноста во процесот на донесување одлуки за животна средина;
  • Информирање на ГО и јавноста за проблемите со животната средина на територијата на општината;
  • Идентификација на приоритетните проблеми со животната средина на територијата на општината;
  • Организирање/учество на јавни расправи од областа на животната средина;
  • Оценка на состојбата на животната средина во општината;
  • Активности кои треба да се преземат со цел да се надминат проблемите со животната средина во општината.

Опис на задачата (изготвување на Студијата):

1. Развивање методологија за спроведување на истражувањето; 2. Дистрибуција на прашалниците до единиците на локалната самоуправа и најмалку ¼ од сите ГО кои делуваат на полето на животна средина, рурален развој, земјоделие и други сектори индиректно поврзани со животна средина на територијата на РМ; 3. Ако/Кога е потребно спроведување на директни интервјуа со релевантните претставници од целните групи за да се обезбедат квалитетни информации; 4. Анализа и оценка на информациите добиени од одговорите на прашалниците; 5. Подготовка на Студијата врз основа на резултатите од истражувањето
  1. 1. Развивање методологија за спроведување на истражувањето;
  2. 2. Дистрибуција на прашалниците до единиците на локалната самоуправа и најмалку ¼ од сите ГО кои делуваат на полето на животна средина, рурален развој, земјоделие и други сектори индиректно поврзани со животна средина на територијата на РМ;
  3. 3. Ако/Кога е потребно спроведување на директни интервјуа со релевантните претставници од целните групи за да се обезбедат квалитетни информации;
  4. 4. Анализа и оценка на информациите добиени од одговорите на прашалниците;
  5. 5. Подготовка на Студијата врз основа на резултатите од истражувањето.

Резултат:

1. Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животна средина на локално ниво (1 печатен примерок и 1 електронска верзија).

Локација и времетраење:

1. Локација: Цела територија на Република Македонија
2. Времетраење: Септември-Декември 2016

Потребен профил на компанијата/консултантот

1. Најмалку едно спроведено истражување спроведено на територијата на РМ;
2. Искуство во спроведување на слични истражувања или изготвени студии од областа
3. Познавање на националното законодавство за животна средина.

Вид на договор: Услуга

Вредност на договорот:

Услугата е ограничена на вредност во висина од 120.000,00 ден. така што финансиската понуда не смее да го надмине овој износ.

Изразување интерес:

Сите заинтересирани консултанти/консултантски компании треба да поднесат технички и финансиски предлог, не подоцна од 23.08.2016, на следната е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com.

Технички предлог:

Техничкиот предлог треба да вклучи јасен опис на следното:
1. Предложена методологија и начин за прибирање на податоци;
2. Работен план и временска рамка за спроведување на истражувањето/изготвување на Студијата ;
3. Предлог податоци кои ќе бидат собрани со прашалниците и механизам за приод на испитаниците при спроведување на истражувањето;
4. Претходно искуство во слични активности, јасно нагласувајќи го знаењето и искуството (вклучувајќи биографија/и на консултантот/ите).

Финансиски предлог

Финансискиот предлог треба да вклучи јасен опис на дистрибуцијата на средства, вклучувајќи но не ограничувајќи се на:
1. Трошоци за човечки ресурси;
2. Трошоци за транспорт и други трошоци потребни за спроведување на истражувањето;
3. Останати трошоци за спроведување на истражувањето и подготовка на Студијата.

Начин на оценување на понудите Оценката на понудите ќе се врши на следниот начин:

• 80% - методологија, технички капацитети и искуство
• 20% - финансии

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не