ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ










Центар за климатски промени, за потребите на проектот „Подршка на прекугранично претприемништво/Прекуграничен бизнис консултант „SCBE/TBC”, објавува оглас за две работни позиции:

1. Проектен координатор, 1 извршител, половина работно време

2. Проектен асистент, 1 извршител, половина работно време


1. ПРОЕКТНИОТ КООРДИНАТОР Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  1. 1. Завршено високо образование (економски факултет, технички науки, земјоделски факултет или природно математички факултет)
  2. 2. Постдипломски студии на некои од наведените факултети ќе се смета за предност
  3. 3. Минимум 5 години работно искуство во проекти
  4. 4. Учество во најмалку 3 проекти во улога на проектен координатор
  5. 5. Англиски јазик, одлично познавање (говорење и пишување)
  6. 6. Високо ниво на самостојно одлучување, преземање активности и организираност при извршување на задачите
  7. 7. Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
  8. 8. Способност за раководење со ЕУ проекти
  9. 9. Добро познавање на областите бизнис, претприемништво и животна средина
  10. 10. Искуство во проекти за животна средина
  11. 11. Возачка дозвола Б категорија

Задачи и обврски на проектниот координатор:

  • Да ги координира проектните активности, ресурсите, опремата и информациите поврзани со проектот
  • Постојано да го следи исполнувањето на проектните цели, опфат и барања
  • Да подготвува тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
  • Да го набљудува и следи прогресот на проектот и да ги решава проблемите кои ќе произлезат од спроведувањето на проектот
  • Редовно да комуницира за статусот на проектот пред се со Центар за климатски промени и проектните партнери, а исто така и со сите засегнати страни (јавни институции, компании, бизнис организации и слично.)
  • Да го следи работното време потрошено на проектот, буџетот, планот и средствата потрошени за имплементација на проектните активности
  • Да изготвува договори и законски процедури потребни за имплементацијата на проектот
  • Да изработува и одржува проектна документација, планови и извештаи кои согласно договорот за грант се обврска на Центар за климатски промени како проектен партнер

2. АСИСТЕНТ Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  1. 1. Завршено високо образование (економски факултет, машински факултет, електро-технички факултет, земјоделски факултет или природно математички факултет)
  2. 2. Минимум 3 години работно искуство на проекти
  3. 3. Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент
  4. 4. Англиски јазик, одлично познавање (говорење и пишување)
  5. 5. Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
  6. 6. Искуство во проекти за животна средина
  7. 7. Возачка дозвола Б категорија

Задачи и обврски на проектниот асистент:

  • Да помага во координација на проектните активности заедно со проектниот координатор
  • Да помага во подготовката на тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
  • Да го следи своето работно време потрошено на проектот и да се грижи за финансиската документација која произлегува од проектот
  • Да помага во изработката на проектната документација, планови и извештаи кои согласно договорот за грант се обврска на Центар за климатски промени како проектен партнер
  • Да ги организира обуките и останатите настани кои треба да се дел од проектните активности
  • Редовно да комуницира со Центар за климатски промени и останатите партнери во проектот


Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и мотивационо писмо на македонски јазик најдоцна до: 20.06.2016 година на следната е-маил адреса: ckp.ohrid@gmail.com.

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не