Одржан еко-хепенингот „Играј , пеј и рециклирај Е-отпад“










На 29.05.2016 година, со почеток во 12ч, во Градски парк на Школка, се одржа големиот еко-хепенинг „Играј, пеј и рециклирај Е-отпад“, организиран во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“. Проектот е финансиран од Американската Амбасада во Скопје, а имплементиран од Центар за климатски промени.

Овој еко-хепенинг е организиран од Центар за климатски промени, Американска Амбасада во Скопје и колективниот постапувач со отпадна електрична и електронска опрема Елколект Доо Скопје.

Еко-хепенингот се одржа во пресрет на меѓународниот ден на животната средина 5ти јуни, а со цел промоција и подигнување на јавната свест за правилното постапување со електричен и електронски отпад.

Богатата програма за еко-хепенингот поврзана со играње, пеење, драматизации, рецитали и друга забава, ја подготвија учениците од повеќе основни училишта од Скопје, а посетителите имаа прилика да слушнат за начинот на постапување со е-отпадот и негативните влијанија врз човековото здравје и животната средина.

За време на еко-хепенингот посетителите се освежуваа со производи од Пивара Скопје, Кожувчанка, Горска Вода и Макпрогрес Виница, кои исто така дадоа свој придонес во одржувањето на хепенингот.

На крајот на хепенингот, беа прогласени првите три училишта кои собраа најголеми количини е-отпад во натпреварот кој беше организиран за 15 училишта кои беа вклучени во проектот „Е-отпад создава можности“.

Во рамките на проектот се собраа повеќе од 5 тони електричен и електронски отпад, при што најголем придонес дадоа следните училишта:

1. ООУ „Димитар Миладинов“ - Скопје, 1740 кг е-отпад, освоено прво место

2. ООУ „Стив Наумов“ - Скопје, 1152,5 кг е-отпад, освоено второ место

3. ООУ „Лазо Ангеловски“ - Скопје, 830 кг, освоено трето место

Исто така значен придонес во собирање е-отпад дадоа и следните училишта:

ООУ „Гоце Делчев“ - Скопје, ООУ „Страшо Пинџур“-Скопје, ООУ „Александар Македонски“ – Скопје, ООУ „Климент Охридски“ - с. Драчево, ООУ „Дане Крапчев“-Скопје, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“-Скопје, ООУ „Братство“ – Скопје, ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка.

Им благодариме и на останатите училишта кои активно учествуваа во проектот и не подржуваа во собирањето е-отпад:

ООУ „Лазо Трповски“-Скопје, ООУ „Мирче Ацев“-Скопје, ООУ „Петар Мусев“-Богданци и ООУ „Климент Охридски“ - Охрид.

Центарот за климатски промени им честита на победниците, и им се заблагодарува на сите училишта кои беа дел од проектот, а воедно најголема благодарност упратува до донаторот на проектот Американската Амбасада во Македонија, која ја подржи иницијативата за овој проект и го финансираше во времетрање од една година.

Голема благодарност упатуваме и до Елколект Доо Скопје, колективен постапувач за отпадна електрична и електронска опрема, кои помогнаа овој проект да се реализира успешно, односно организираа навремено превземање на собраниот е-отпад од училиштата и притоа овозможија отпадот да заврши на соодветно место.

Галерија: Презентација во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ - Општина Кисела вода, Скопје


Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не