Во две училишта од Општина Ѓорче Петров беа одржани едукативни презентации за е-отпад










Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, на ден 12.02.2016 година, одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад.

Презентациите се оддржаа во ООУ „Страши Пинџур“ и ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров и беа наменети за учениците од V-IX одделение. На презентациите учествуваа околу 100 ученици од двете училишта.

За време на презентациите беа споделени информации за правилно постапување со е-отпадот, како и влијанието на е-отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, доколку со него не се постапува правилно. Исто така беа истакнати примери за намалување на негативните влијанија на е-отпадот преку редуцирање, реупотреба и зошто е важно е-отпадот да се рециклира.

Исто така, на учениците им беше споделена информацијата за натпреварот за собирање на е-отпад кои се организира помеѓу училиштата кои учествуваат во проектот, при што за најдобрите ќе следуваат вредни награди. Одговорна страна за менаџирање на процесот за превземање на собраниот е-отпад од училиштата е ЕЛКОЛЕКТ, колективен постапувач за собирање на отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.

Проектот „Електричниот отпад создава можности“ започна да се спроведува во јули 2015 година, и ќе се спроведува до Јули 2016 година, со главна цел подигање на свеста на населението со фокус на децата од основните училишта во државата за негативните влијанија на електричниот и електронски отпад (ЕЕО) врз животната средина и здравјето на луѓето како и да ја истакне потребата од селектирање на овој овој тип на отпад.



Галерија: Презентација во ООУ „Мирче Ацев“, Ѓорче Петров

Галерија: Презентација во ООУ „Страши Пинџур“, Општина Ѓорче Петров


Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не