Одржани едукативни презентации за е-отпад во две училишта од општина Гази Баба










Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, на ден 11.12.2015 година, одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад.

Презентациите се оддржаа во ОУ „Дане Крапчев“ и ОУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба и беа наменети за учениците од V-IX одделение. На презентациите учествуваа околу 100 ученици од двете училишта.

За време на презентациите беа споделени информации за правилно постапување со е-отпадот, како и влијанието на е-отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, доколку со него не се постапува правилно. Исто така беа истакнати примери за намалување на негативните влијанија на е-отпадот преку редуцирање, реупотреба и зошто е важно е-отпадот да се рециклира.

Слични презентации ќе бидат оддржани и во второто полугодие од оваа учебна година со цел да се опфатат поголем број на ученици кои ќе се стекнат со информации за можностите и влијанијата на е-отпадот.




Галерија: Презентација во ООУ "Дане Крапчев" - Скопје

Галерија: Презентација во ООУ "Стив Наумов" - Скопје

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не