Oглас за мали и средни претпријатија од Југоисточниот регион на Mакедонија со цел обезбедување техничка помош за енергетска ефикасност и управување со отпад










Центарот за климатски промени во рамките на својот проект „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ реф. Бр. 2007CB16IPO007 - 2012- 3 – 026, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, објавува повик за доделување бесплатна техничка консултантска помош за компаниите од Југоисточниот регион со цел подобрување на управувањето со отпад или енергетска ефикасност.

Целта на бесплатната консултантска помош е да се подобри управувањето со отпад и енергија, да се идентификуваат мерки за намалување на трошоците за енергенси и да се подобри работењето на компанијата од аспект на животна средина и услогласеност со националното законодавство.

На повикот за бесплатна консултантска помош може да се пријават сите компании кои ги исполнуваат следните услови:

    1. Согласно својата основна дејност/активност прапаѓаат на една од следните сектори:

    • преработка и производство на храна и пијалоци
    • конзервирање на овошје и зеленчук
    • производство на кондиторски производи
    • преработка на дрво и дрвна маса и производство на мебел
    • обработка на метали
    • производство на различни хемиски производи и пластични маси
    • оранжерии, свињарски и живинарски фарми
    • отелиерство, услужни дејности и градежништво

    2. Имаат идентификувани проблеми во животна средина (управување со отпад и енергија

    3. Имаат не повеќе од 150 вработени



ШТО ДОБИВААТ КОМПАНИИТЕ УЧЕСНИЧКИ ВО ПРОЕКТОТ

    1. Минимум една посета од експери за енергетска ефикасност и управување со отпад

    2. Спроведување на проверка во животна средина (Environmental Audit)

    3. Консултантска помош за идентификување на мерки за подобрено управување со ресурсите (енергија и отпад)

    4. Изработка на студија со конректни мерки за подобрување



НАЧИН НА АПЛИКАЦИЈА

Сите заинтересирани компании потребно е да ги достават следните документи:


Документите доставете ги преку електронска пошта најдоцна до 25.08.2015 година на следната е-маил адреса: ckp.gevgelija@gmail.com

Доколку имате прашања поврзани со начинот на апликација и видот на помошта што ќе се обезбеди истите доставете ги најдоцна до 20.08.2015 година на истата е-маил адреса, или телефонски 02/5208 330 и 078/344 905.

Напоменуваме дека согласно постојната законска регулатива општини кои припаѓаат на Југоисточниот плански регион се:

Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш, Општина Струмица

Исто така на повикот ќе бидат одбрани 5 компании кои ќе го исполнат горенаведените услови.




Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не