Центарот за климатски промени-Гевгелија организира семинар за енергетска ефикасност „Со подобра енергетска ефикасност кон подобра конкурентност“










Центарот за климатски промени-Гевгелија, на ден 03.06.2015 година организира семинар за енергетска ефикасност „Со подобра енергетска ефикасност кон подобра конкурентност“ , кој ке се оддржи во просториите на Хотел Аполонија во Гевгелија со почеток во 10ч.

Целта на семинарот е да презентира информации и примери за начините на штедење на енергија во производствените капацитети на малите и средни претпријатија во југоисточниот регион на Република Македонија, како и да ја прикаже користа од штедењето на енергија во различните производни процеси. На семинарот презентации за подобрување на енергетската ефикасност ќе одржат признати професори од Машинскиот фаакултет во Скопје, а ќе бидат презентирани и активностите кои се предвидени да се спроведуваат со цел обезбедување техничка помош на компаниите од регионот.

Семинарот се организира во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“, Реф.бр. 2007CB16IPO007-2012-3-026, а се имплементира од Центар за климатски промени – Гевгелија и Сојузот на производители на еколошка енергија – БГ, со финансиска поддршка на Европската Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Бугарија, 2007CB16IPO007.

Главната цел на проектот е да обезбеди техничка помош на малите и средни претпријатија за подобро искористување на енергенсите и воведување на добри практики за управување со отпадот кои ќе овозможат подобра конкурентост и зголемување на извозната ориентираност кај компаниите како и намалување на негативните ефекти врз животната средина.

Присуството на семинарот е бесплатно, а темите на презентациите се наменети за малите и средни претпријатија кои се занимаваат со секаков вид на производство, релевантни претставници на општините, како и јавни институции кои имаат свои канцеларии во градовите од регионот.

За повеќе информации контактирајте не преку нашата е-адреса:ckp.gevgelija@gmail.com


Овде можете да ги симнете Поканата и Агендата за семинарот:

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не