Одржана тркалезна маса за „Студија за опасен отпад“ (прва фаза)











На 1 Декември 2014 година, во просториите на Стопанската Комора на Македонија се оддржа Тркалезна маса со цел презентирање на Студијата за опасен отпад (прва фаза), која е изработена за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето“ , имплементиран од Центар за климатски промени – Скопје и Норск Енерги-Осло.

Студијата беше изработена од страна на Универзитетот Гоце Делчев – Штип (УГД), под координација на Проф. Др. Дејан Мираковски, од Машински Факултет при УГД Штип.

Целта на студијата, чија изработка е поделена во две фази e во првата фаза да се обезбедат податоци за количествата на отпад (сегашни и очекувани) кои се генерираат пред се во индустријата, но и општеството во целина, како и за начините на постапување/управување со опасниот отпад. Во втората фаза е предвидено да се направи анализа на опциите за формирање и имплементација на соодветен систем за управување со опасниот отпад низ анализа на можностите за третман/депонирање на национално ниво, како и извоз на оние видови опасен отпад кои нема да може да се третираат на национално ниво. Во овој дел треба да биде вклучена и проценка на асоцираните трошоци.

Првата фаза од студијата е сеуште во нацрт верзија при што тркалезната маса беше организирана со цел да се вклучат засегнатите страни во процесот на планирањето на полето на управувањето со опасен отпад во Република Македонија.

За таа цел, како и со цел уште поголема вклученост во завршата фаза од изработката на студијата ги молиме сите оние кои сакаат да се вклучат, своите коментари да ги достават најдоцна до 15ти декември 2014 година, на следнава е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com.

Повеќе информации на: 078/344 905



Нацрт студијата и профил на индустриите можете да ги превземете овде.

Нацрт студија за опасен отпад (прва фаза) [Симни]
Профил на индустрии (ppt) [Симни]


Галерија на слики: „Студија за опасен отпад“( прва фаза) - Декември 2014


Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не