Стр. 1 2 3 4 5

Активности


1004

Важно известување!

Известување за промена на доменот за веб страната на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)"
Повеќе




1912

Завршна конференција на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, 22 декември 2017 година, во 10часот, хотел Континентал, Скопје

Ни претставува особенa чест и задоволство да Ве поканиме на завршната конференција на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, поддржан преку акциски грант на Цивика Мобилитас. Завршната конференција ќе се оддржи во хотел Континентал, Скопје на 22 декември 2017 со почеток во 10:00 часот.
Повеќе



2211

Вклучи се, за здрава животна средина

На 21.11.2017 година, Центар за климатски промени – Гевгелија (ЦКП) во соработка со Општина Струмица и Федерација на планински спортови на Македонија, ja маркирaше планинарската патека која почнува од црквата „Св. Кирил и Методиј“ и води до манастирот „Св. Илија“. Во акцијата учествуваа и учениците од општинското основното училиште „Сандо Масев“ од Струмица кои исто така помогнаа во маркирањето на патеката.
Повеќе



2011

Проектен информатор

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина изготви Информатор бр.7 за активностите на проектот за месец септември 2017 година.
Повеќе



1310

Проектен информатор

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина изготви Информатор бр.6 за активностите на проектот за месец септември 2017 година.
Повеќе



2509

Проектен информатор

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина изготви Информатор бр.5 за активностите на проектот во периодот Јуни-Јули-Август 2017 година.
Повеќе



2009

Одржана акција во ООУ„Св.Климент Охридски“ Македонски Брод. под мотото ВКЛУЧИ СЕ! За здрава животна средина

На 19.09.2017 година, Центар за климатски промени, во соработка со Општина Македонски Брод, под мотото ВКЛУЧИ СЕ! За здрава животна средина, одржаа заедничка акција во ООУ„Св.Климент Охридски“ Македонски Брод. Целта на акцијата беше подигнување на свеста кај најмладите за негативните последици од електричен и електронски отпад и правилно постапување со овој тип на отпад.
Повеќе



1409

Успешно спроведена акција – „Еколошки автобус“

На 14.09.2017 година, под мотото „Вклучи се за здрава животна средина“, Центар за климатски промени заедно со Општина Ресен успешно ја реализираа заедничката акција „Еколошки автобус“. Учениците од еколошката секција од ОУ „Гоце Делчев“ од Општина Ресен заедно со претставниците од Паркот на природата „Езерани“, мониторинг станицата во с. Стење, Општина Ресен и Центарот за климатски промени ја посетија компостарата во с. Златари, мониторинг станицата и информативните центри во с. Стење и с. Езерани.
Повеќе



1008

Вклучи се за здрава животна средина: Паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански“

На 10.08.2017 година, под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ во паркот „Јане Сандански“, Центар за климатски промени во соработка со Општина Аеродром, одржаа промоција на поставениот вело-остров. Целта е да се поттикне и олесни возењето велосипед, а со тоа и да се намали загадувањето на воздухот и бучавата во Скопје.
Повеќе



2006

Повик за здруженија на граѓани за вклучување во неформална мрежи за животна средина

ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија објавува повик за здруженија на граѓани со цел вклучување во неформални мрежи, кои ќе се формираат како дел од проектните активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на ЦивикаМобилитас.
Повеќе



1406

Проектен информатор

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина изготви Информатор бр.3 за активностите на проектот во периодот Март -Мај 2017 година.
Повеќе



0806

Одржани работни состаноци за подготовка на акциски планови за Општина Македонски Брод и Општина Ресен

Во рамките на проектните активности од проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, на 8ми јуни 2017, во општина Македонски Брод и Општина Ресен, се одржаа работни состаноци за утврдување на почетни активности за изработка на акциските планови со цел поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.
Повеќе



0703

Проектен информатор

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина изготви Информатор бр.3 за активностите на проектот во периодот Јануари-Февруари 2017 година.
Повеќе



0103

Избрани се шест општини за кои ќе се изработат акциски планови

Согласно објавениот Јавен повик за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, избрани се вкупно 6 општини за кои ќе се изработат акциски планови.
Повеќе



0602

ЈАВЕН ПОВИК за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектините активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на ЦивикаМобилитас, распишува ЈАВЕН ПОВИК за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина.
Повеќе



0602

Јавен оглас за ангажирање на консултант/консултантска компанија

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектините активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, распишува оглас за ангажирање на консултант/консултантска компанија за изработка на пет акциски планови за Единиците за локална самоуправа со цел поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.
Повеќе



2912

Проектен информатор

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина изготви Информатор бр.2 за активностите на проектот во периодот Октомври – Декември 2016 година.
Повеќе



2812

Во декември се одржа втората обука наменета за единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)

Во периодот од 20-21 декември во Велес, беше спрoведена втората дводневна обука наменета за ЕЛС. Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите и свеста на ЕЛС за потребата од активно вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на донесувањето на одлуки од областа на животната средина. На обуката учествуваа 20 претставници од ЕЛС кои се вработени во секторите за животна средина во нивните општини.
Повеќе



0512

Јавен оглас за обучувач (комуникациски консултант) за зајакнување на капацитетите на Единиците на локална самоуправа (ЕЛС) со цел активно вклучување на граѓанските организации (ГО) во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина

Центар за климатски промени - Гевгелија за потребите на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“ поддржан преку акциски грант на Цивика Мобилитас има потреба од обучувач со цел зајакнување на капацитетите на ЕЛС и поголемо вклучување на ГО во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.
Повеќе



0512

Оддржана обука за „Подигнување на јавната свест на Граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“

Центар за климатски промени на ден 29-30 Ноември 2016 година во Хотел Гардениа, Велес оддржа дводневна обука за претставниците од Граѓанскиот сектор со цел „Подигнување на јавната свест на Граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“.
Повеќе



2411

Во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, Центар за климатски промени организира дводневна обука наменета за Граѓанските организации. Обуката ќе се одржи во хотел Гардениа во Велес на 29 и 30 ноември 2016 со почеток од 11 часот.

Центар за климатски промени - Гевгелија за потребите на својот проект „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“ финансиран преку акцискиот грант на Цивика Мобилитас има потреба од 1 обучувач за подигнување на јавна свест со цел поголемо вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.
Повеќе



0411

Јавен оглас за обучувач (комуникациски консултант) за граѓански организации со цел подигнување јавна свест за активно вклучување во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина

Центар за климатски промени - Гевгелија за потребите на својот проект „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“ финансиран преку акцискиот грант на Цивика Мобилитас има потреба од 1 обучувач за подигнување на јавна свест со цел поголемо вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.
Повеќе



2110

Проектен информатор

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина изготви Информатор за активностите на проектот во периодот Јули – Септември 2016 година.
Повеќе



2309

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Центар за климатски промени, за потребите на проектот „Подршка на прекугранично претприемништво/Транснационално бизнис консултантство- SCBE/TBC”, објавува оглас за вработување на проектен асистент.
Повеќе



0908

Започна имплементација на проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационално бизнис консултантство“

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија, Општина Охрид во партнерство со Центарот за климатски промени заеднички ќе го имплементираат проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво / Транснационално бизнис консултантство“.
Повеќе



0408

ОТВОРЕН ПОВИК

ОТВОРЕН ПОВИК за Консултантски услуги за спроведување истражување и изготвување на Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животната средина на локално ниво
Повеќе



1106

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Центар за климатски промени, за потребите на проектот „Подршка на прекугранично претприемништво/Прекуграничен бизнис консултант „SCBE/TBC”, објавува оглас за две работни позиции: Проектен координатор, 1 извршител, половина работно време, и Проектен асистент, 1 извршител, половина работно време
Повеќе



2905

Одржан еко-хепенингот „Играј , пеј и рециклирај Е-отпад“

На 29.05.2016 година, со почеток во 12ч, во Градски парк на Школка, се одржа големиот еко-хепенинг „Играј, пеј и рециклирај Е-отпад“, организиран во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“. Проектот е финансиран од Американската Амбасада во Скопје, а имплементиран од Центар за климатски промени.
Повеќе



2505

Играј, пеј и рециклирај Е - отпад !!!

На 29 мај 2016 година, во Градскиот Парк во Скопје на местото таканаречено „Школка“ ќе се одржи голем Еко хепенинг под мотото „Играј, пеј и рециклирај Е - отпад„. Настанот е организиран од страна на Центар за климатски промени во соработка со Елколект ДОО Скопје.
Повеќе



1305

Ученици од ООУ Кирил Пејчиновиќ од Општина Кисела вода, го создадоа својот ЕКО тим за рециклирање на Е - Отпад

На ден 13.05.2016 година ученици од III-те одделенија од ООУ Кирил Пејчиновиќ од Општина Кисела вода, го создадоа својот ЕКО тим за рециклирање на Е - Отпад. Работилницата се одржа како дел од проектот „Е – отпад создава можности“ кој е финансиран од страна на Американската амбасада во Скопје.
Повеќе



2804

Презентација на тема Е-отпад за учениците од ООУ „Петар Мусев“ - Богданци

На 28.04.2016 година (четврток), претставници од Центар за климатски промени го посетија ООУ „Петар Мусев“ од Општина Богданци, и одржаа едукативна презентација за електричен и електронски отпад.
Повеќе



2204

Еко тим за рециклирање е-отпад е формиран и во ООУ „Лазо Ангеловски“

Најмалите од ООУ Лазо Ангеловски во петокот на 22.04.2016, по повод Светскиот ден на Планетата Земја учествуваа во креативната работилница „Еко тим за рециклирање е-отпад“ и со помош на Фрижидерко, Пегличка, Сијаличка, Телевизорко и Капетан Рециклирко формираа 6 тимови за рециклирање е-отпад.
Повеќе



2204

Учениците од ООУ „Александар Македонски„ истражуваа и учеа за е-отпадот на англиски јазик

Учениците од VII-2 одделение успешно ја завршија креативната работилница „Истражуваме и учиме за Е-отпадот“. Работилницата се одржа во рамките на еден училишен час, каде сите ученици активно учествуваа во истражувањето на тоа што е Е-отпад, кои се негативните влијанија на е-отпадот врз здравјето на луѓето и животната средина, како треба правилно да постапуваме со е-отпадот, зошто е потребно да рециклираме е-отпад и други теми поврзани со правилното постапување со е-отпадот.
Повеќе



2004

Умните глави од III в одделение при ООУ Страшо Пинџур од Ѓорче Петров научија што е E-отпад и како треба правилно да постапуваат со E-отпадот!

На 20.04.2016 година, се одржа креативната работилница „Еко тим за рецклирање E-отпад“ при што учениците на креативен начин учеа за E-отпадот и негативните влијанија врз животната средина.
Повеќе



1404

Еко – тим за рециклирање на Е-отпад во ОУ „Стив Наумов“ Скопје

Учениците од трето одделение од ОУ „Стив Наумов“ - Скопје се приклучија кон Еко – тимот за рециклирање Е-отпад. Сите ученици во улога на Капетанот Рециклирко, Фрижидерко, Пегличка, Сијаличка и Телевизорко вредно работеа со цел да изготват едукативни постери кои треба да ја пренесат пораката за рециклирање на Е-отпад.
Повеќе



1304

Презентација на тема Е-отпад за учениците од ОУ "Св.Климент Охридски" – Охрид

Во рамките на проектот Е-отпад создава можности се оддржа уште една едукативна презентација за учениците од 8 одделение од основното училиште Св. Климент Охридски од Охрид.
Повеќе



0704

Еко – тим за рециклирање Е-отпад во ОУ „ Дане Крапчев“ - Скопје

На 7 Април 2016 година во ОУ „ Дане Крапчев“ во рамките на проектот Е – отпадот создава можности“ се оддржа креативна работилница со учениците од II и IV одделение. Учениците беа поделени во групи при што имаа за задача да изготват едукативен постер кој треба да ја пренесе пораката на Еко – тимот за рецилирање на Е-отпад.
Повеќе



3103

Истражување на тема Е-отпад во ОУ „Гоце Делчев“ - Скопје

Учениците од осмо одделение при ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје, на 31 март 2016 имаа можност да учествуваат во работилница насловена „Истражуваме и учиме за Е-отпадот“. Учениците беа поделени во пет работни групи при што секоја група имаше за задача да подготви презентација за Е-отпад, користејќи ја методата истражување на интернет.
Повеќе



2903

Одржани повеќе креативни работилници за рециклирање на Е-отпад во основните училишта во Скопје!

Во вторник, 29ти март 2016 година, се одржа првата креативна работилница насловена како „Еко-тим за рециклирање на Е-отпад“. Учениците од второ, трето и четврто одделение од ЦОУ Димитар Миладинов од Скопје, имаа прилика да ја искажат својата креативност и да научат за рециклирање на Е-отпадот!
Повеќе



1202

Во две училишта од Општина Ѓорче Петров беа одржани едукативни презентации за е-отпад

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, на ден 12.02.2016 година, одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад. Презентациите се оддржаа во ООУ „Страши Пинџур“ и ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров и беа наменети за учениците од V-IX одделение.
Повеќе



1102

Одржана презентација за Е-отпад во ООУ „Димитар Миладинов“ – Општина Центар

Центар за климатски промени на ден 11.12.2015 год. одржа едукативна презентација на тема електричен и електронски отпад за учениците од ООУ „ Димитар Миладинов “, општина Центар, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, со подршка на компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “ Доо Скопје.
Повеќе



1002

Одржана едукативна презентација за е-отпад во од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“

Во продолжение на веќе одржаните едукативни презентации за е-отпад во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, Центар за климатски промени на ден 10 Февруари оддржа презентации за учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Општина Кисела Вода во Скопје.
Повеќе



1002

Одржана презентација за Е-отпад во ООУ „Св.Климент Охридски“ - с.Драчево, во рамките на проектот „Е-отпадот создава можности“

Центар за климатски промени на ден 10.12.2015 год. одржа едукативна презентација на тема електричен и електронски отпад за учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ во с.Драчево , општина Кисела Вода, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, со подршка на компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “ Доо Скопје.
Повеќе



2501

Оглас за вработување

Центар за климатски промени бара 1 инженер кој ќе работи во областа на заштита на животна средина.
Повеќе



2312

ООУ „Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка отпочна со реализација на првите активности во рамките на проектот „Е-отпадот создава можности“

ООУ „Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка како Еко училиште отпочна со реализација на првите активности на уште еден еколошки проект под наслов „Е-отпадот создава можности“. Проектот е во организација на ЗГ „Центар за климатски промени“ од Скопје подржан од постапувачот со електричен и електронски отпад фирмата ЕЛКОЛЕКТ Доо Скопје и Амбасадата на САД во Република Македонија.
Повеќе



1712

Одржани презентации на тема е-отпад за учениците од основните училишта во Општина Аеродром

Во продолжение на веќе одржаните едукативни презентации за е-отпад во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, Центар за климатски промени на ден 17 Декември оддржа презентации за учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ и ОУ „Александар Македонски“ во населба Лисиче, Општина Аеродром.
Повеќе



1412

Одржани едукативни презентации за електричен и електронски отпад во две основни училишта од општина Карпош

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, со подршка на општина Карпош и компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “Доо Скопје, на ден 14.12.2015 година (понеделник), одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад.
Повеќе



1112

Одржани едукативни презентации за е-отпад во две училишта од општина Гази Баба

Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, на ден 11.12.2015 година, одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад. Презентациите се оддржаа во ОУ „Дане Крапчев“ и ОУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба и беа наменети за учениците од V-IX одделение.
Повеќе



2611

Прв едукативен настан и отпочнување на проектот Е-отпад создава можности

На 26.11.2015 година, во општинското основно училиште Гоце Делчев-Скопје, општина Центар, се одржа првиот едукативен настан по повод отпочнување на проектните активности во рамките на проектот Е-отпад создава можности. На настанот присуствуваа ученици од основните училишта: Гоце Делчев, Димитар Миладинов, Јохан Хајнрих – Песталоци, Кирил и Методиј и Кочо Рацин.
Повеќе



1711

Информација за Медиуми

Ве информираме дека утре на 18.11.2015 година, Центар за климатски промени – Гевгелија организира прес конференција со цел презентација на постигнатите резултатите од спроведувањето на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ 2007CB16IPO007-2012-3-026.
Повеќе



2010

29-30 Октомври 2015 година, Благоевград, Република Бугарија, се организира тркалезна маса за енергетска ефикасност

Центарот за климатски промени - Гевгелија и Алијансата на производители на еколошка енергија - БГ од Благоевград, организираат тркалезна маса за прашања поврзани со енергетска ефикасност во малите и средни претпријатија од прекуграничниот регион. Тркалезната маса ќе се одржи на 29 и 30 Октомври 2015 година, во Хотел Езерец, Благоеврад, со почеток во 15ч.
Повеќе



1910

Одржана првата тркалезна маса за прашања поврзани со отпад, Струмица 16-17 Октомври 2015 година

16 – 17 Октомври 2015 година, Струмица, се одржа првата тркалезна маса за прашања поврзани со управувањето со отпадот во малите и средни претпријатија во Република Македонија. Тркалезната маса претставуваше одлична можност за компаниите од Југоисточниот регион на Македонија и областа Благоевград, Бугарија да се сретнат и да разговараат за проблемите со кои се соочуваат, потенцијалите и бариерите за подобрување на практиките за управување со отпад и ресурси, но исто така и да ја зголемат можноста за меѓусебна соработка и конкурентност.
Повеќе



810

Центар за климатски промени - Гевгелија организира тркалезна маса и бизнис средби на мали и средни претпријатија од Македонија и Бугарија

Центарот за климатски промени во рамките на својот проект „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ реф. Бр. 2007CB16IPO007 - 2012- 3 – 026, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, организира тркалезна маса за управување со отпад во прекураничниот регион, што ќе се оддржи на 16-17 Октомври 2015 (петок – сабота), во Хотел Есперанто Струмица, со почеток во 15 часот.
Повеќе



0907

Одржан семинар на тема “Обврски кои произлегуваат од законодавството за управување со отпад и предизвици за малите и средни претпријатија за добро управување со отпадот“

На ден 09.07.2015 година, Центарот за климатски промени – Гевгелија одржа семинар на тема “Обврски кои произлегуваат од законодавството за управување со отпад и предизвици за малите и средни претпријатија за добро управување со отпадот“,во просториите на Хотел Сириус во Струмица. На семинарот беа презентирани информации за придобивките од добро управување со отпадот во малите и средни претпријатија, како и законодавството за управување со отпад , при што ќе се фокусира на обврските кои произлегуваат од законодавството и како полесно компаниите да се усогласат со законските обврски кои произлегуваат од ова законодавство.
Повеќе



0507

Центарот за климатски промени - Гевгелија организира семинар на тема “Обврски кои произлегуваат од законодавството за управување со отпад и предизвици за малите и средни претпријатија за добро управување со отпадот“

Центарот за климатски промени - Гевгелија, на ден 09.07.2015 година организира семинар на тема “Обврски кои произлегуваат од законодавството за управување со отпад и предизвици за малите и средни претпријатија за добро управување со отпадот“, кој ќе се оддржи во просториите на Хотел Сириус во Струмица со почеток во 10ч. Целта на семинарот е да презентира информации за придобивките од добро управување со отпадот во малите и средни претпријатија, како и законодавството за управување со отпад , при што ќе се фокусира на обврските кои произлегуваат од законодавството и како полесно компаниите да се усогласат со законските обврски кои произлегуваат од ова законодавство.
Повеќе



0306

Одржан семинар за енергетска ефикасност на тема: „Со подобра енергетска ефикасност кон подобра конкурентност“

На ден 03.06.2015 година, Центарот за климатски промени-Гевгелија одржа семинар за енергетска ефикасност на тема “Со подобра енергетска ефикасност кон подобра конкурентност“, во просториите на Хотел Аполонија во Гевгелија. На семинарот беа презентрани информации и примери за начините на штедење на енергија во производствените капацитети на малите и средни претпријатија во југоисточниот регион на Република Македонија, како и користа од штедењето на енергија во различните производни процеси
Повеќе



0106

Центарот за климатски промени-Гевгелија организира семинар за енергетска ефикасност „Со подобра енергетска ефикасност кон подобра конкурентност“

Центарот за климатски промени-Гевгелија, на ден 03.06.2015 година организира семинар за енергетска ефикасност „Со подобра енергетска ефикасност кон подобра оддржи во просториите на Хотел Аполонија во Гевгелија со почеток во 10ч. Целта на семинарот е да презентира информации и примери за начините на штедење на енергија во производствените капацитети на малите и средни претпријатија во југоисточниот регион на Република Македонија, како и да ја прикаже користа од штедењето на енергија во различните производни процеси.
Повеќе



2505

Семинари за Енергетска ефикасност и Управување со отпад за мали и средни претпријатија

Центар за климатски промени – Гевгелија ги известува сите заинтересирани мали и средни претпријатија кои се занимаваат со дрвопреработувачка, прехрамбена – вклуќувајќи и винарии, металопреработувачка, текстилна индустрија, дека во наредните два месеца ќе се спроведат два семинара на тема: Енергетска ефикасност за МСП и Управување со отпад за МСП.
Повеќе



2204

Се подготвува „Студија за проценка на бизнис можностите во прекуграничниот регион“

Центар за климатски промени – Гевгелија како резултат на претходно спроведените истражувања ја спроведува активноста за подготвка на „Студија за проценка на бизнис можностите во прекуграничниот регион, со посебен фокус на управувањето со отпад и енергетска ефикасност во Југоисточниот плански регион на Република Македонија и Областа Благоевград од Бугарија“.
Повеќе



2503

Креирање на база на податоци за МСП во Југоисточниот регион“

Центар за климатски промени - Гевгелија во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ започна со спроведување на активности за креирање на база на податоци за мали и средни претпријатија кои се занимаваат со прехрамбена, дрвопреработувачка, метална, текстилна и услужна дејност во Југоисточниот регион на Македонија.
Повеќе



2901

Центар за климатски промени - Скопје го одржа завршниот семинар со наслов "Со подобрен енергетски менаџмент кон подобра конкурентност"

На 29 јануари, 2015 година, во конференциската сала на ресторан Воденица Mulino – Скопје, во 10ч, Центар за климатски промени - Скопје, го одржа завршниот семинар со наслов "Со подобрен енергетски менаџмент кон подобра конкурентност", организиран во рамките на проектот "Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија", финансиран од страна на Норвешката Амбасада во Белград. Повеќе


2301

Центар за климатски промени организира завршен настан на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“

На 29 јануари 2015 година (четврток) Центар за климатски промени организира семинар во рамките на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, финансиран од Норвешката Амбасада во Белград. Целта на семинарот е да ги презентира резултатите од проектот и расположливите финансиски инструменти за поддршка на проекти за енергетска ефикасност во малите и средни претпријатија. Повеќе


0212

Одржана тркалезна маса за „Студија за опасен отпад“( прва фаза)

На 1 Декември 2014 година, во просториите на Стопанската Комора на Македонија се оддржа Тркалезна маса со цел презентирање на Студијата за опасен отпад (прва фаза), која е изработена за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето“ , имплементиран од Центар за климатски промени – Скопје и Норск Енерги-Осло. Повеќе


1703

Обука за енергетски менаџмент во прехрамбената индустрија во Македонија

Период на одржување: (Април – Јуни 2014 година).
Центарот за климатски промени, во рамките на својот проект „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, организира тридневна бесплатна обука за компаниите од македонската прехрамбена индустрија. Обуката има за цел да ги унапреди капацитетите на вработените задолжени за управувањето со енергијата и производствениот процес и воедно да ги подобри енергетските и еколошките перформанси на компаниите. Повеќе


1303

Одржан информативен семинар за енергетски менаџмент во индустрија

На 13 март 2014 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа првиот семинар во рамките на Проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, којшто го реализира Центарот за климатски промени, со поддршка на Агенцијата за енергетика на РМ, Машинскиот факултет од Скопје и Стопанската комора на Македонија. Повеќе


0603

Информативен семинар за подобрување на енергетскиот менаџмент во индустрија

На 13ти март 2014 година, Центарот за климатски промени организира Семинар за Енергетски Менаџмент во индустрија.

Семинарот се организира во рамките на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ финансиран од Норвешката Амбасада во Белград и за присуството НЕ се наплатува никаков надомест. Повеќе


3001

Започна да се спроведува проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“

На 31 јануари 2014 година, Проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ официјално започна со имплементација и ќе би спроведуван до декември 2014 година.

Проектот ќе биде имплементиран од Центар за климатски промени-Скопје, подржан од Агенција за енергетика на РМ, Машински факултет од Скопје, Стопанска Комора на Македонија под техничка супервизија на норвешката компанија Норск Енерги. Повеќе


2801

Официјално отворање на проектот "Подобрување на енергетски менаџмент во Македонската индустрија"

Во четврток 30ти јануари 2014 година Центарот за климатски промени организира официјалното отворање на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“.

Настанот ќе се одржи во Стопанска Комора на Македонија на 30ти јануари 2014 (четврток) и ќе ги презентира проектните активности наменети за македонската прехранбена индустрија. Повеќе

2401

Студиско патување во Норвешка

рамките на проектот Зајакнување на капацитетите на МЖСПП за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и управување со опасен отпад беше организирано студиско патување во Норвешка.

Целта на патувањето беше запознавање со норвешкиот систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема. Во рамките на студиското патување беше организирана средба со претставници од Норвешката Агенција за животна средина со цел запознавање на претставниците од МЖСПП со норвешкото законодавство кое ја регулира областа на отпадна електрична и електронска опрема. Повеќе


1001

Центарот за климатски промени Скопје во соработка со Норск Енерги од 10.01.2014 година започнува со работа на тригодишниот проект „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“ финансиран од страна на Министерството за Надворешни Работи на Кралството Норвешка.

Целта на проектот е обезбедување на техничка помош за донесување предлог измени на законодавството во областа на интегрираното спречување и контрола на загадувањето и усогласување со Директивите за ИСКЗ/Индустриски емисии, подобрување на вештините на одделението за ИСКЗ за ракување со дозволите, и Директивата за индустриски емисии, зголемени секторски знања и зајакнување на невладиниот сектор за учество во постапката за издавање на интегрирани еколошки дозволи. Во рамки на проектот се планира и изготвување на Студија за третман и отстранување на опасен отпад во Македонија.


1012

Центарот за климатски промени потпиша договор со Норвешката Амбасада во Белград за имплементација на проектот „Подобрување на управувањето со енергијата во македонската индустрија“

На 10ти Декември 2013 година, Центарот за климатски промени потпиша договор со Норвешката Амбасада во Белград за имплементација на проектот „Подобрување на управувањето со енергијата во македонската индустрија“, со што официјално започна со спроведување на својот нов проект. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на македонската индустрија со цел подобро управување со енергијата и намалување на трошоците во производствениот процес, при што ќе обезбеди тренинг обуки за заинтересираните компании во период од 3 месеци. Проектот ќе се спроведува во соработка со Агенцијата за енергетика, Машинскиот факултет од Скопје и Стопанската комора на Македонија. Воедно норвешката компанија Норск Енерги ќе обезбеди техничка експертиза за успешна имплементација на проектот.


2511

Центарот за климатски промени се подготвува со почетокот на својот нов проект за подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија

Проектот ќе се спроведува една година, фокусирајќи се на имплементација на практики за енергетски менаџмент во индустријата за преработка за храна, со цел намалување на потрочувачката на енергија и подобрување на капацитетите за управување со енергијата.




2002

На 20ти февруари 2013 година во Хотел ФЕНИ во Кавадарци, се одржа втората работилница за Управување со отпад од електрична и електронска опрема, фокусирана на формирање на колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема

Целта на работилницата е да се презентираат најдобрите практики за справување со отпадот од електрична и електронска опрема, со посебен акцент на формирање на колективни постапувачи за отпад од електрична и електронска опрема, како и критериумите за формирање на колективни постапувачи, искуствата од Норвешка и можностите за формирање на колективен постапувач во Македонија.

Презентациите од оваа работилница можете да ги симнете овде


1601

16ти и 17ти јануари одржани се работилници за управување со опасен отпад на општинско ниво

На 16.01.2013 година во Хотел ОАЗА во Штип, се одржа работилница за управување со опасен отпад на општинско ниво, на кој беа поканети сите општини од источна Македонија. Работилница за општините од западна Македонија беше одржана ден потоа, во Хотел Милениум Палас во Охрид. Целта на работилниците беше да е се презентира моменталната ситуација во управувањето со опасниот отпад во Република Македонија, улогата на локалната самоуправа, работењето/ сопственоста на депониите во Република Македонија, добри примери и практики во врска со управувањето со опасен отпад, улогата на локалните власти во управувањето со опасен отпад во Норвешка и вклучување на јавноста и невладините организации во процесот.

Презентациите од оваа работилница можете да ги симнете овде



2011

20ти ноември 2012 година, Семинар за отпад од електрична и електронска опрема

Семинарот се одржа во хотел Континентал, при што беа присутни претставници од повеќе производители на отпад од електрична и електронска опрема. Целта на семинарот беше да се презентираат најдобрите практики за справување со отпадот од електрична и електронска опрема, односно складирање, одлагање и безбедносни мерки при постапување со отпадот. Воедно на семинарот беше презентирано и законодавството во Република Македонија со цел запознавање на компаниите со законските обврски кои произлегуваат од Законот за отпад од електрична и електронска опрема, а беше презентирано и Законодавството од Норвешка и Европската Унија.

Презентациите од оваа работилница можете да ги симнете овде


2410

Семинар за индустриски опасен отпад, одржан на 24ти Октомври 2012 година


Семинарот беше одржан во хотел Александар Палас, со цел презентација на најдобрите практики за справување со проблемите со опасен отпад, складирањето и одлагањето, безбедносните мерки и опасности како и проблемите и предизвиците кои се појавуваат при управувањето со опасниот отпад.

Презентациите од оваа работилница можете да ги симнете овде


1709

Семинар за управување со опасен отпад одржан на 17ти септември 2012


Семинарот беше одржан во хотел Континентал во Скопје, со цел презентација на македонското и европското законодавство, моменталната ситуација со управувањето со опасен отпад, добри примери и практики од Европа и Македонија, како и кратко запознавање со мапирањето на опасниот отпад.

Презентациите од оваа работилница можете да ги симнете овде


3105

На 31ви мај 2012 година, се одржа третиот состанок на управниот одбор на проектот, по повод завршувањето на компонентата за ИСКЗ и отпочувањето на компонентата за управување со опасен отпад

Целта на оваа компонента е да се зајакнат капацитетите на Секторот за отпад, при Министерството за животна средина и просторно планирање и да се утврди моменталната состојба со опасниот отпад во Република Македонија, како и изнаоѓање на решенија за справување со истата.

Презентациите од оваа работилница можете да ги симнете овде



Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не