Кои сме ние!


Центарот за климатски промени (ЦКП) е основан во 2007 година и официјално регистриран во Јануари 2008, како невладина, нерелигиозна, неполитичка и непрофитна организација.

Мисијата на ЦКП е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени, со цел подобрување на животната средина. Главните цели на Центарот за климатски промени се:


  • Поддршка на индустријата со цел подобрување на нивните енергетски перформанси и перформансите во животната средина
  • Подигнување на јавната свест за климатските промени и можностите кои произлегуваат од Механизмот за чист развој (МЧЈ)
  • Предложување на мерки за подобрување и промена на законската рамка на полето на енергетиката, климатските промени и животната средина
  • Зајакнување на капацитетите на локалната и централната власт како и капацитетите на индустријата со цел развој на проекти за климатски промени и подобрување на перформансите во животната средина.
  • Промовирање и поддршка на владеење со животната средина, енергија и управување со животната средина

Визијата на Центарот за климатски промени е насочена кон намалување на јалеродниот диоксид и креирање на општество одговорно кон животната средина. Со цел да го постигнеме тоа, ЦКП ги насочува своите активности кон индустриска енергетска ефикасност, интегрирано спречување и контрола на загадувањето, управување со отпад, намалување и ублажување на климатските промени, управување со животна средина и енергетски менаџмент.

ЦКП е основан од луѓе кои имаат широко познавање за климатските промени, животната средина, управување и заштитата на животната средина, кои сакаат да ги споделат своите искуства со останатите и да обезбедат подршка за централните и локалните власти, особено во борбата со климатските промени и промовирање на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Симнете го ЦЦЦ Портфолио

Наша Експертиза


ЦКП има искуство во следниве области:

  • Управување со животната средина (ISO 14001:2004))
  • Програми за управување со отпадот
  • Управување со енергија (ISO 50001:2011)
  • Подготовка на IPPC апликации
  • EIA i SEA студии
  • Подготовка на елаборати за животната средина
  • Изработка на модели за дисперзија
  • Организирање на кампањи за јавна свест
  • Обезбедување на логистичка поддршка за организација на различни јавни настани за животната средина

Имајќи за цел да го зајакне својот капацитет уште од самиот почеток, ЦКП има тим на професионалци со повеќе од 5 години работно искуство во областа на животната средина и бројни надворешни експерти кои опфаќаат различни технички области.

Контакт

Адреса: Разловечко Востание 2а-2/8,
Град: Скопје
Држава:Македонија
Телефон: +389 2 5208 330
Е-маил: contact@ckp.org.mk
centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Следете не