Студентски конкурс

За подготовка на иновативна идеја на тема- Циркуларна економија и одржлив индустриски развој

1. Општи информации
Центар за климатски промени, распишува конкурс за студенти за доставување на предлози за идеја на тема: Циркуларна економија и одржлив индустриски развој.
Целта на конкурсот е да се поттикнат младите професионалци од техничките факултети во Република Северна Македонија да размислуваат за можноста за користење на различните типови на отпад во индустриските процеси како и искористување на отпадот за добивање енергија. Иновативните идеи треба да бидат предложени во согласност со концептот за циркуларна економија чија главна цел е во потполност да го острани отпадот односно производот да биде така дизајниран на тој начин што подоцна ќе може повторно да се расклопи и повторно да се употреби. Циркуларната економија ги опфаќа сите фази на производството: од добивање на суровини, преку дизајнирање на материјалот и производот, производството, дистрибуцијата и потрошувачката, поправка, повторно производство или повторно користење се до управување со отпадот и негово рециклирање. Основната цел не е само да се отстрани отпадот од производство, туку и на кој начин може да се обезбеди вредниот ресурс да се употреби повторно.

Конкурсот се организира во рамките на проектот Енергија од отпад за одржлива иднина!, имплементиран од Центар за климатски промени, финансиран од Пакомак Доо Скопје, во соработка со Цементарница Усје.

2. Програма и критериуми на конкурсот
2.1 Учество на конкурсот

Право на учество имаат студентите на додипломски и постдипломски студии на техничките факултети во Република Северна Македонија.

2.2 Времетраење на конкурсот
Конкурсот се отвара на 26 септември и трае до 20 ноември.
Сите заинтересирани студенти потребно е да испратат писмо за намера најдоцна до 10.11.2019 (Писмо за намера) и да присуствуваат на информативната средба која има за цел да ги информира заинтересираните студенти и да дообјасни за типот на идејата што треба да се достави, правото на учество, формат во кој треба да се достави идејата и начинот на одбирање на најдобрите 3 идеи вклучително и наградите.

За сите прашања поврзани со конкурсот Ве молиме контактирајте не на следните е-маил адреси: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

2.3 Апликација на иновативна идеја
Секој заинтересиран студент кој го исполнува правото на учество треба да поднесе апликација (Апликација) која ги содржи следните параметри:

• Проблем кој може да се реши со реализација на идејата (Поврзан со создавање и управување со отпад). Идеите треба да се однесуваат исклучиво на примена во индустрија, мали и средни претпријатија и сл.
• Цел на идејата
• Активности за постигнување на целта
• Очекувани резултати од вашата иновативна идеја за заштита на животната средина
• Дали вашата проектна идеја е надградба на веќе постоечки проект и доколку е Ве молиме да наведете кој
• Која е иновативноста во вашата идеја?
• Реален трошок за реализација на идејата (буџет) – Трошокот за реализација на идејата треба да е реално пресметан. Воедно периодот на отплата на инвестицијата да биде што пократок. Економската исплатливост е една од важните критериуми при оценување на иновативната идеја.

2.4 Доставување на апликација
– Пополнетата апликација се доставува во дигитална верзија (PDF), најдоцна до 20 ноември на следната емаил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com и contact@ckp.org.mk

2.5 Разгледување на апликациите
Доставените идеи ќе бидат разгледани и оценети од страна на стручна комисија во состав:
-Претставници од Машински факултет, Цементарница „Усје“ и Пакомак Доо Скопје

2.6 Критериум за оценување
Пристигнатите конкурсни решенија ќе бидат оценувани од страна на жири комисијата согласно следните критериуми:

Јасна цел и замисла на идејата 20 поени
Иновативност и концептуална издржаност на идејата 15 поени
Можност за реализација 25 поени
Проценка на проектната идеја за намалување на влијанието врз животната средина 25 поени
Реален трошок за реализација на идејата/Економска исплатливост 15 поени
Вкупно 100 поени

2.7 Дисквалификација
Од понатамошната постапка на оценување ќе бидат исклучени сите конурсни идеи за кои комисијата ќе утврди дека апликацијата е пристигната по крајниот рок за доставување на дигиталната верзија на документот или доколку се утврди дека идејата е копија/плагијат а е предложена како иновација во Република Северна Македонија.

2.8 Награди
Согласно изборот направен од страна на комисијата за најуспешните идеи предвидени се симболични награди

 

1во место – 12.000 денари

2ро место – 6. 000 денари

3то место – 3. 000 денари

2.9 Резултати од конкурсот
Резултатите од конкурсот ке бидат објавени најдоцна до 30 ноември (сабота). Најдобрите идеи ќе бидат презентирани во форма на power point презентации пред организаторите на проектот, професори од техничките факултети и преставници на бизнис заедницата. Оваа активност ќе биде медиумски подржана и претставена на повеќе портали низ републиката.