Тренинг на тема „Можности за унапредување на бизнисот во Југоисточен регион“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени, на 11.06.2019 година ќе организира тренинг на тема „ Можности за унапредување на бизнисот во Југоисточен регион“ во Мотел Вардар Гевгелија.

На тренингот ќе бидат презентирани содржини поврзани со потенцијалот, можностите и предизвиците за развивање на нови бизниси во Југоисточниот регион, добри практики за управување со постоечките бизниси, како и можностите за планирање и следење на оперативните трошоци од сметководсвтен аспект. Воедно преку вежби учесниците ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство за развивање на иновативен бизнис модел како и вештини за планирање на организациониот модел на компанијата.

Бројот на учесници е ограничен на 30 учесници, а селекцијата ќе се одвива на пронцип прв дојден прв услужен. Заинтересираните учесници потребнно е да го пријават своето присуство  на ckp.gevgelija@gmail.com најдоцна до 06.06.2019 година.

Транспортните трошоци ќе бидат рефундирани со приложување автобуска карта, но износот на рефундација не може да надмине 500 ден.

Настанот е организиран во рамките на проектот „ Зголемување на иновативниот бизнис поврзан со море, животна средина и земјоделство и ИТ“, финансиран од Европска Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија.

Покана [Превземи]

Агенда [Превземи]