Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Центарот за климатски промени – Гевгелија во соработка со својот партнер од Република Бугарија, Алијанса на производители на еколошка енергија – BG, од Благоевград започна започна да го спроведува проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU).

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1.

Проектот се имплементира на територијата на Република Бугарија – Област Благорвград и Република Македонија – Југоисточен регион.

Таргет групи: Ученици од основните училишта на возраст од 6 од 15 години, невладини организации, мали и средни претпријатија кој работат во областа на управување со отпад.

Времетраење на проектот: 15 месеци (18.10.2014 – 18.01.2017)

Целта на проектот е да се интензивира и промовира прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите за заедничко решавање на еколошките проблеми поврзани со управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во пограничниот регион, со цел да се овозможи подобар квалитет на живот.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:

  • Едукативна и промотивна кампања за подигнување на јавната свест
  • Изработка на тренинг програма за управувања со отпад, негово намалување и рециклирање наменета за оснонвите училишта
  • Израбтока на интернет страна
  • Изработка на апликација за Andorid и OS платформи со која ќе може секој да пријави диви депонии и други загадени области во пограничниот регион
  • Изработка на едукативна книга за животниот циклус на отпадот намената за деца и ученици до 16 годишна возраст
  • Организирање на Форум за застапеноста на едукативни програми за управување со отпад во образовните институции
  • Изработка и дизјан на опрема за складирање на отпад од стакло, хартија, пластика, батерии и ОЕЕО

Очекувани резултати:

  • Организирани заеднички зелени кампови во Македонија и Бугарија
  • Изработка на интернет страна со информативна содржина од областа на управувањето со отпад
  • Апликација за Andorid и OS платформи со која секој може да пријави диви депонии и други загадени области во пограничниот регион
  • Подготвена и испечатена едукатвина книга за животниот циклус на отпадот
  • Спроведен форум за застапеноста на едукативни програми за управување со отпад во образовните институции
  • Дистрибуирана опрема за селектирање на отпад и батерии во 24 основни училишта, по 12 од секоја страна