Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационално бизнис консултантство

објавено во ПРОЕКТИ | 0

ЦКП, Гевгелија, подружница Охрид, во јули 2016 година, започна да го спроведува проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационално бизнис консултантство“ кој ќе се финализира во септември 2017.

Проектот е поддржан и ко-финансиран од Европската Унија и Национални фондови на земјите учеснички во ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Македонија 2007-2013“ и е со вкупен буџет од 705.589,36 EUR.

Основа за проектот

  • Еден од приоритетите на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција е подобрувањето на прекуграничниот економски развој, посебно промоцијата на претприемништвото, бидејќи истото вклучува долгорочна гаранција за самоодржлив економски развој. Тргнувајќи отткука овој проект беше развиен во согласност со реалната состојба на пазарот на труд во прекуграничната област на Грција и Македонија и поради фактот што голем дел од тамшната популација страда од невработеност, а претприемништвото следи пат на намалување. Исто така, имајќи во предвид дека децентрализираните подрачја во државите се во значително потешка ситуација отколку останатите беше очигледно дека директна социо-економска поддршка е есенцијална и неопходна. Проектот всушност претставува алатка преку која невработените лица и постоечките претприемачи ќе се здобијат со можност за развивање на сопствените квалификации и можност да бидат поддржани за нов почеток овозможувајќи им поддршка за претприемништво.

Општа цел:

  • Генералната цел на проектот е подобрување на претприемништвото во прекуграничното подрачје на Лерин-Охрид-Солун. Предложената општа цел е утврдување на нови индивидуални, социјални и „зелени“ претпријатија и подобрување на постоечките. За да оваа општа цел биде полесно остварена, проектните активности се стремат кон ефективен професионален тренинг и консултинг – менторство на таргетните групи во областа на претприемништвото со цел да им се овозможи квалификувана позадина, следствено невработените лица да бидат во можност да формираат свои претпријатија, додека пак веќе постоечките претпријатија да се подобруваат и развиваат. Формирањето на нови претпријатија е исто така тесно поврзана со втората општа цел на проектот, а тоа е намалување на невработеноста во регионот.