Подготвен e “Извештај за моментална состојба за примена на концептот за зелена економија во компаниите во Македонија”

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Извештајот за моментална состојба за примена на концептот за зелена економија во компаниите во Македонија кој беше подготвуван во периодот од 1 октомври – 31 декември 2019 година дава приказ за моменталната состојба во малите и средни претпријатија за примена на овој концепт, односно информации за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во секојдневното работење, нивната усогласеност со законодавството од областа на животната средина, степенот на ефикасно искористење на ресурсите, понуда и побарувачка на зелени услуги и производи, можносите за зелени работни места, достапноста на фондови и финансии за зголемена примена на овој концепт и сл.

Податоците за подготовка на овој извештај беа прибирани преку електронското истражување спроведено со пополнување на прашалник од страна на испитаници – раководни/вработени лица во малите и средни претпријатија во Македонија  во периодот од 15 октомври – 15 декември 2019 година. Вкупно 50 компании одговорија на прашалникот, а резултатите и интерпретацијата на резултатите од спроведеното истражување се дадени во Извештајот.

Извештај