Зголемување на свеста за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта во Република Северна Македонија

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Центар за климатски промени започна со спроведување на проектот „Зголемување на свеста за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта во Република Северна  Македонија“. Проектот е финансиран од Австралиска Амбасада во Белград во рамките на програмата за  директна помош ДАП.

Целта на проектот е да се зголеми свеста на јавноста, учениците и наставниците за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта и последиците по здравјето на децата од одредена изложеност на загадениот воздух.

За постигнување на целите на проектот планирани се три активности:

  • мерење на внатрешното загадување на воздухот во 10 основни училишта во општина Карпош
  • организирање на едукативни предавање и работилници за 500 ученици за загадувачките супстанци на воздухот и негативните здравствени ефекти од загадување на воздухот
  • завршна конференција

Времетраење на проектот е 11 месеци, од јуни 2020 година од мај 2021 година.