Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Центар за климатски промени, Гевгелија, започна да го спроведува проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ (IBiSEAit)“.

Проектот се спроведува на територија на Р. Македонија (Југозападен и Југоисточен регион) и на територија на Р. Грција (Општина Солун и Општина Флорина).

Партенери на проектот:

Водечки партнер: Грчката асоцијација за ИТ, телекомуникациски апликации и нови технологии (Р. Грција)

Проектен партнер 2: Општина Термикос (Р. Грција)

Проектен партнер 3: Општина Лагадас (Р. Грција)

Проектен партнер 4: Управен и административен орган Технополис Тесалоники

Проектен партнер 5: Центар за климатски промени – Гевгелија

Проектен партнер 6: GS1 Македонија

Времетраење на проектот: 18 месеци (10.05.2018 – 09.11.2019)

Целта на проектот е зајакнување на претприемништвото во прекуграничната област помеѓу Р. Македонија и Р. Грција, преку формирање на инкубатори. Проектот има за цел формирање на нови индивидуалци, претпријатија од областа на морето, земјоделството и животната средина и зајакнување на постојните.

Новите претприемачи и веќе постоечките ќе имаат можност во рамките на инкубаторите да се стекнат со професионална обука преку менторство и консултации за претприемништво, што ќе им овозможи полесно да ги совладаат правните, административните и финансиските потешкотии од областа на претприемништвото.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:

  • Изработка на веб страна за проектот
  • Студија за истражување на алатките за финансирање на инкубаторот
  • Формирање на мрежа помеѓу инкубаторите за поддршка на претприемништвото
  • Организирање на конференции за промоција на мрежата на инкубаторите
  • Подготовка на техничка документација и реновирање на постоечка инфраструктура за отворање на инкубатор
  • Организирање на информативни и едукативни семинари за претприемачи
  • Организирање на завршна конференција за постигнатите резултати од проектот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *