Граѓанска платформа за следење на преговорите со ЕУ за поглавје 27

објавено во ПРОЕКТИ | 0

ПОТРЕБАТА ОД АКЦИЈА

Во мај 2019 година Република Северна Македонија го имаше објаснувачкиот состанок за Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени во Брисел каде Европската Комисија даде објаснување за европската регулатива (директиви и регулативи) кои ќе бидат дел од ЕУ преговорите.

Во извештајот за напредок на ЕУ за Северна Македонија за 2019 година се вели дека земјата е на одредено ниво на подготовка во оваа област. Постигнат е ограничен напредок во натамошно усогласување на политиките и законодавството со законодавството во секторите вода, заштита на природата и отпад. Спроведувањето и примената заостануваат и во наредниот период земјата треба да се фокусира на спроведување на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, управување со отпад, климатските промени и сл.

Оттука, во процесот на подготовка многу е важно да се води континуиран дијалог со релевантните засегнати страни. За Поглавје 27, еден од најважните чинители се граѓанските организации (ГО) кои се активни во секторот животна средина и климатските промени. Во таа насока, важно е да се подигне свеста на ГО за процесот на пристапување кон ЕУ, особено во поглед на тоа кои се главните чекори и да се разбере како да се преземе активна улога во ЕУ преговорите.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел – Зајакнување на улогата на ГО од областа на животната средина во процесот за приближување и подготовка за преговори со ЕУ за Поглавје 27

Специфична цел – Зајакнување на капацитетите на ГО за приближување кон ЕУ преку  стимулирање на соработка помеѓу ГО за формулирање и комуникација на заеднички ставови за ЖС и подигнување на свеста на пошироката јавност.

РЕЗУЛТАТИ

Р.1 Зајакнати капацитети на македонските ГО за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27,

Р.2 Зголемена свесност на ГО за важноста во преземањето активна улога во преговорите со  ЕУ,

Р.3 Зголемена свесност на пошироката јавност за придобивките од пристапувањето во ЕУ,

Р.4 Зголемена соработка помеѓу ГО и релевантните власти за комуникација на заедничките ставови за прашања од областа на ЖС.

 

АКТИВНОСТИ

А 1.1. Информативна средба за отпочнување на проектот,

А 1.2. Семинари за градење на капацитети на ГО,

А 1.3 Повик за формирање национална мрежа на ГО,

А 1.4  Прирачник за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27,

А 1.5. Работилница за формирање на националната мрежа на ГО,

А 2.1. Состаноци со надлежните органи,

А 2.2. Подготовка на комуникациска стратегија,

А 3.1. Подготовка на нацрт извештај,

А 3.2. Објавување на извештајот за позицијата на ГО,

А 4.1. Развивање веб-страница на проектот,

А 4.2. Официјална презентација на извештајот,

А 4.3. Подготовка на соопштенија за печат

 

ЦЕЛНИ ГРУПИ

  1. ГО кои работат на полето на животната средина, одржливиот развој, енергијата и земјоделството
  2. Министерство за животна средина и просторно планирање со јавните органи во рамките на својата организација
  3. Други јавни тела кои имаат надлежности во животната средина и климатските промени
  4. Општа јавност

 

ВКУПЕН БУЏЕТ: 1.798.000 МКД

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 01.7.2020 – 31.12.2021

КОНТАКТ ЛИЦЕ ЗА ПРОЕКТОТ:

Филип Стојановски, проект менаџер

Телефон: + 389 70 579 182

Е-маил: fstojanovski@yahoo.com

ПРОЕКТОТ Е ПОДДРЖАН ОД:

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.